Истражете му го телото со врели бакнежи: Како до „пожежок“ секс? – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/20 9:45 PM

Истражете му го телото со врели бакнежи: Како до „пожежок“ секс?

Постои нешто многу сензуално во моментот кога ќе го почувствувате здивот на партнерот на своите усни. Лесно допрете ги своите со неговите и оставете здивот да се задржи на вашата кожа. Ова е само една од фантастичните идеи кои вреди да ги реализирате доколку сакате да го освежите сексуалниот живот.

Понекогаш можете да ја прескокнете предиграта и фокусот да го ставите на бакнувањето. Тоа е силен, забавен начин на поврзување, но многу парови го користат само како вовед во сексот. Бакнете се на познатиот француски начин после напорниот  работен ден наместо само да се бакнете во образ. Бакнувајте се додека гледате филм на каучот или направете го ова спонтано и за време на заедничките прошетки, за да се поврзете уште повеќе.

Истражете му го телото со усните

Бакнувајте го на најчувствителните делови на телото. Усните задржете ги на неговата клучна коска, но не заборавајте дека и ушите исто така се чувствителна точка.

Играјте си со позиционирањето

Ако имате предигра, расположението ќе зависи од тоа како ги позиционирате своите тела. Ако сакате вие да ја играте главната улога седнете врз партнерот и замотајте ги нозете околу него. Ако сакате тој да го преземе водството „потонете“ во неговата прегратка и страсно нека ве бакнува. Менувајте ги и движењата, бидејќи менувањето на техниките ја зголемува возбудата, но во меѓувреме може да си играте и со усните. Бакнувањето не се однесува само на усните, бидете креативни со рацете.

 

Извор:  cosmopolitan.hr