Дваесет и четиригодишниот фудбалер од средината на теренот, Андреас Переира, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Лацио.
Лацијалите на веќе отпишаниот играч на Манчестер Јунајтед ќе му исплатат 27 милиони евра. Првичната форма на трансферот ќе биде позајмица со право на откуп, а доколку Переира се покаже во добро светло во новата средина, на англискиот тим ќе му биде исплатена таа сума.
Бразилецот од втората половина на минатата сезона не се наоѓа во тактичкиот планер на норвешкиот стратег, откако не ги оправда очекувањата по добиената минутажа во Премиер Лигата и англиските купови. Переира важеше за еден од поталентираните млади фудбалери на Јунајтед.
Според шпекулациите на англиските и италијанските медиуми, уште еден играч од „отпадничкиот список“ на Солсјкер се очекува да стави потпис на договор со клуб од престолнината на Италија. Крис Смолинг би можел повторно да се врати во Рома, овојпат перманентно и тоа за трансфер вреден околу 20 милиони евра.
Средствата кои Манчестер Јунајтед ги собира од фудбалерите кои повеќе не им се потребни, ќе бидат вложени во крилен играч од нападот. Исмаила Сар и Осман Дембеле се јавуваат како имиња што би го носеле дресот на „црвените ѓаволи“ во сезоната 2020/21.