Царовска – Брнз: САД ги поддржуваат реформите во образованието – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/20 5:20 PM

Царовска – Брнз: САД ги поддржуваат реформите во образованието

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше прв работен состанок со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз, и со претставници од УСАИД.

Како што соопшти МОН, амбасадорката Брнз истакна дека Амбасадата на САД продолжува да биде важен стратешки партнер во унапредувањето на образовниот систем во Северна Македонија и посочи дека Амбасадата е подготвена да го продолжи и унапредува силното партнерство и да даде поддршка на реформските процеси во образованието.

– На средбата министерката Царовска ја информираше амбасадорката и останатите присутни за сите актуелни теми поврзани со стартот на учебната година во услови на Ковид-19, но и за други тековни активности на министерството, се наведува во соопштението од МОН. 

Учебната 2020/2021 година започнува утре на први октомври.