Во строг центар на Тетово кај градскиот зелен пазар, на само десетина од седиштето на Јавното комунално претпријатие Тетово, веќе неколку години има мини дива депонија околу градските контејнери.
Граѓаните кои живеат во овој дел од градот, велат дека неколкуте контејнери не се доволни за овој дел од Тетово, затоа и се собираат купиштата отпад, каде се фрла се и сешто од ѓубре собрано од домаќинствата на дневна основа, па се до остатоци од животни кои ги фрлаат околните месарници.
Од Јавното комунално претпријатие Тетово, велат дека редовно го собираат сметот од овој дел на градот, но според нив и граѓаните треба да бидат малку подисциплинирани и да не го оставаат сметот покрај контејнерите.