Иако очекувањата за овој летен трансфер период беа дека Рубен Лофтус-Чик ќе го напушти Челзи на едногодишна позајмица, со цел да добие потребна минутажа и да се врати во играчки колосек по тешката повреда, од Бирмингем и Лондон попладнево дојдоа поинакви вести.
Наместо Лофтус-Чик, сезоната на позајмица во Астон Вила ќе ја помине англискиот повремен репрезентативец, Рос Баркли. Изненадувањето е уште поголемо со оглед на тоа дека Баркли вчера беше дел од поширокиот состав на Френк Лампард во 1/8 финалето од Карабао Купот, каде што Челзи загуби на пенали од Тотенхем.
-Ангажирање фудбалер со квалитети како оние на Рос, претставува одлична работа за клубот и јас сум сигурен дека тој ќе успее овде и ќе го засили дополнително нашиот тим, изјави тренерот на Астон Вила, Дин Смит.
Баркли се приклучи во Челзи во 2018 година во јануари и оттогаш забележа 52 премиерлигашки настапи за „сините“.