Заминувањето на трите медицински сестри од Клиниката за инфективни болести на површина ги извади сите проблеми со кои оваа фела се соочува со децении. Министерот Филипче утрово разговараше со нив и вети дека ќе ги мотивира и ќе направи се за да ги задржи во јавното здравство. Но, ова не го намалува проблемот, лутината и немањето статус.
По ова се јави и Зружението на медицински сестри кое ја оправда постапката на вработените во јавното здравстви и го објасни деценискиоот проблем.
-Кон проблемот со медицинските сестри треба да се пријде од аспект кон немањето дефиниција на нашата дејност. Треб да се прашаме зошто см ние незадоволни и зошто ни е нарушено достоинството. Ова не е нешто што се случува само сега во време на пандемија или изминативе неколку години, ова е децениски проблем. Да немате дефиниција лиценцирана за сопствената дејност, за сопствената работа. Тоа значи дека сестрите не си ги знаат работните задачи, каде почнуваат, каде завршуваат и на тој начин вие не можете да барате одговорност од нив. Треба да ја сватите пандемијата како состојба во која е сопрено одлевањето, но ке заврши пандемијата ние ке се сретнеме со голем одлив, бидејки голем број од нашите информации говорат дека голем број полагаат завршни испити во соседните земји и го чекаат завршувањето на пандемијата и да си заминат. Затоа велам дека проблемот со сестрите не се спорадичен и не е во индивидуи. Цела година зборуваме како СЗО им се покоони на медицинските сестри, мегутоа СЗО даде насоки дека треба да ги имплементираат сестрите во здравствената политика. Еве што да правиме сега со сестрите што не можат да се пензионираат. И сите што го остваруваат правото до декември не можат да се пензионираат. Освен тоа каде е проблемот и со наградите во здавствените институции? Дали некој ги праша сестрите колку им се признаени образованијата во институциите и дали некој ги праша дека вие работите со високо а сестрата со средно и го работи истото што и вие. Имате иста одговорност а на први земате различна плата. Од тука е релевањњто на чашата, незадоволството има базен проб лем. Медицинските сестри немаат утврдени компетенции на работните места. Врз основа на тоа не можете да барате и никакви одговорности. Ние не го заслужуваме ова, мора да имаме дефиниција, мора да имаме лиценца за работа, рече председателката на Здружението Гордана Бешлиоска и додаде:
„Ние во болниците не сме препознаени според школите што ги завршуваме. А здравствената нега и затита ја пружаме ние. Никој не сака да прифати дека најголемата компетентност за клиничката пракса е на нас сестрите. Проблемот потекнува од базата, од немањето на закон и се прелева. Ке имаме состојба на прелевање на сестри од јавниото здравство во приватниот сектор. И како ќе ги задржите? Ве уверувам дека по завршување на пандемијата голем бој на сестрите ќе се одлеат“.
Фото: slobodnadalmacija.hr