Штип: Татко пријавил обљуба врз неговата малолетна ќерка – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/20 1:10 PM

Штип: Татко пријавил обљуба врз неговата малолетна ќерка

Во текот на вчерашниот ден во штипската  Полициска станица , 37 годишен маж од штипско село, пријавил обљуба  на неговата малолетна ќерка. За настанот е запознат и  Јавен обвинител.

„37 годишен маж од штипско село пријавил дека во текот на месец март, А.М.(21) извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка“, се вели во информацијата од Полицијата.

Се работи на целосно документирање и расчистување на случајот, по што против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.