Советот за безбедност на ОН го поддржа претходниот апел на генералниот секретар, Антонио Гутереш, за ставање крај на судирите во Нагорно Карабах, јавува агенцијата Анадолија (АА).
„Членовите на Советот изразија загриженост во врска со извештаите за големите воени активности по должината на линијата на разграничување во Нагорно Карабах“, се вели во соопштението.
„Советот строго ја осудува употребата на сила и жали за загубата на животи, што вклучува и повеќе цивили. Членовите на Советот за безбедност изразуваат целосна поддршка за челниците на Групата Минск на ОБСЕ и ги повикуваме сите страни да соработуваат со цел воспоставување итен и безусловен дијалог“, се вели во соопштението на ООН.