Помагаше на сите, но не можеше на себе да помогне- Колегите од охридската Општа болница се уште во шок од смртта на Дијана Димоска – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/20 8:33 AM

Помагаше на сите, но не можеше на себе да помогне- Колегите од охридската Општа болница се уште во шок од смртта на Дијана Димоска

Ценета, почитувана, прекрасна, со вакви зборови колегите од охридската Општа болница ја опишуваат колешката Дијана Димоска која пред неколку дена ја загуби битката со Ковид-19.  Сите се уште се во шок од она што се случи и не веруваат дека неа повеќе ја нема.

-Навистина беше прекрасна личност. Позитивна и мила и постојано насмеана. Секогаш весела и распеана. Помогна на сите а не можеше себе си да си помогне. Не можеа ниту медицинските лица, болеста беше посилна. Првите тестови и беа негативни, два месеци се бореше со болеста и почина во Скопје во болница. Штетата е голема и навистина сега веќе не е важно да се зборува за тоа дали Дијана имала и други коморбидитети или само Ковид-19 ја оддели од нас. Беше толку отоворена за разговор, толку позитивна што мислам дека уште долго време ќе ни недостасува и како човек и како колега. Не само на Одделението за интерни болести, каде работеше, туку и во цела болница. Омилена беше и кај вработените и кај пациентите. Има два сина, велат со тага и неверување вработените во болницата.

Колку Дијана им значела и колку е голема тагата по неа покажа и вчерашниот гест кога низ Охрид со сирени кругови  вртеа пет возила на брза помош и во чест на колешката и за подигање на свеста за заштита од вирусот.