Време: Следува сончев период со повисоки дневни температури, ќе има и октомвриски +30 – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/20 6:03 AM

Време: Следува сончев период со повисоки дневни температури, ќе има и октомвриски +30

Претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен и западен правец. Maксималната температура до 24 степени, прогнозира УХМР за денеска.

Од утре следува период на стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за викендот и в понеделник, кога се очекуваат и до +30 степени.