Се зголемува бројот на корисници кои се повеќе користат синтетичка дрога. Истражавањата на Младинскиот клуб од Штип покажуваат дека младата популација најмногу ги користат таканаречените клубски дроги, екстазите и амфетаминот го заменуваат хероинот.
И анкетата на студентите од штипскиот Правен факултет покажува алармантен раст на корисниците на т.н потешки дроги, а загрижува процентот кој расте кај студентите, односно младите до 21 година.
40% од 400 испитаници одговориле дека до опојните дроги лесно се доаѓа и најчесто се земаат во комбинација со алкохол и лекови за смирување. Стојановски забележува дека одговорите се загрижувачки, а надлежните треба да преземат и одредени чекори. Што се однесува во делот на ресоцијализацијата, според граѓанскиот сектор засега Македонија добро стои во овој дел.
И акциите на полицијата покажуваат дека расте употребата на новите дроги. Иако количините, кои се запленуваат вообичаено се мали, сепак во земјава годинава се откри и првата лабораторија за производство на синтетички дроги во Македонија.