Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот партнер, Радомир Новаковиќ Раша го сервираа својот приватен живот на тацна со реалното шоу кое се снима во нивната куќа.
„Тоа ми е нов предизвик. Сега сум во некоја нова животна фаца. Баш ми е интересно да се занимавам со нешто што е целосно поразлично. Секако дека постојат кавги, но тоа не се чести кавги. Имаме фази кога на сите ни е доста па тогаш бараме пауза, па имаме фази кога би сакале само да снимаме, снимаме и снимаме. Не создаваме ситуации во кои би ни било непрријатно. Непријатностите се последица на она кое се прави затоа што се мора, а ние го снимаме она што го сакаме и затоа ни е пријатно“, изјавува Гоца чие реално шоу се емитува на К1 телевизија, додека Раша тврди дека за овој проект пресудна улога одиграле парите.
Првенствено сум среќен што сум продуцент на оваа емисија. Исто така сум и глумец, бидејќи мрам, сопруг сум на Гоца Тржан и морам та да го направам. Пресуди, па како да кажам, паричниот предизвик – вели Раша.
Пејачката и нејзиниот сопруг и понатаму минуваат низ тежок период во животот кога е во прашање вештачкото оплодување.
„За вештачкото оплодување зборувам само поради тоа што има многу луѓе што се борат со тоа и затоа што не сакам да лажам, а и не умеам да лажам. Сепак, не е тешко ако знаеш што те чека на крајот и нас тоа многу повеќе не’ зближи отколку што не’ раздвои. Се бориме и понатаму. Но не е само борбата за потомство. Во животот има разни борби и треба да се бориме и за други работи. Гордо и пристојно, навистина се трудиме така да се однесуваме “, вели таа.
Бидејќи со новиот проект се снима целиот живот на парот, се наметна и пршањето дали дел од него ќе биде и ќерката на Гоца, Лена.
Дел од нашето реално шоу ќе бидат сите луѓе кои немаат срам да се фотографираат и кои се дел од нашиот живот. Лена инсистираше да биде што помалку присутна бидејќи неа тоа не ја интересира многу. Сепак таа живее со нас во иста куќа, не можеме да ја избегнеме, а ни таа нас. Се трудиме што помалку да биде застапена бидејќи таа таа го сака тоа и јас морам да го испочитувам. Таа е една нормална тинејџерка – заклучува пејачката.
Извор: blic.rs