Мексиканската репрезентација се соочува со голем проблем, пред утрешната осминафинална средба против Бразил. Според пишувањата на мексиканските медиуми, таборот на оваа репрезентација се претворил во вистинска болница.
Најавите се дека многумина играчи на Мексико се заразени од грип и дека не може ни тренингот да се одработи како што е зацртано, а не па утре да се игра најважниот меч во досегашниот дел од Мундијалот. најпрво настинал еден играч, кој многу брзо го пренел грипот кај втор, па така се заразиле поголем дел од фудбалерите.
Додека Мексиканците се прашуваат како ќе склопат тим за да се спротистават утре на дуелот против Бразил, други пак веруваат дека ова е само тактика на оваа селекција, во обид утре да го изненадат големиот фаворит, петкратниот светски првак Бразил.