Владата денеска го разреши Роберт Алаѓозовски од должноста Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.
Како што соопштија од Владата, за Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност е именуван Роберт Поповски.
На денешната седница Владата исто така донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа.
Наместо сегашното работно време од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08:00 до 16:00 часот.