Јокиќ и Мареј скапо го чинеа, Док Риверс и Клиперси се разделуваат – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 4:35 PM

Јокиќ и Мареј скапо го чинеа, Док Риверс и Клиперси се разделуваат

Поразот на можеби најголемиот фаворит на хартија за освојување на овогодинешната НБА, од Денвер Нагетс во полуфиналето на Западот, ги натера Клиперси и Док Риверс на разделба.

Оваа одлука според претседателот на оваа франшиза, Стив Балмер, е заедничка и Риверс и челниците на Клиперс остануваат во пријателски и коректни односи во иднина.

Очекувањата за оваа 2019/20 кампања во најквалитетното кошаркарско натпреварување за екипата од Калифорнија беа превисоки, со оглед на тоа дека во својот тим успеаа да го доведат кошаркаркот кој со Торонто Репторс година претходно ја покори НБА. Покрај него, Клиперси успеаа да го ангажираат и Пол Џорџ и да создадат квалитетен и длабок ростер кој ќе може да се бори до крај со Милвоки Бакс и Лос Анџелес Клиперс.

Но, големите очекувања носат и голема одговорност, па така по елиминацијата од Денвер Нагетс во плејофот, елиминација во која Нагетси направија неверојатен камбек од 3:1, претставуваа причина за промена во стручниот штаб на Клиперс и започнување ново поглавје.

-Док беше одличен тренер за Клиперс, одличен амбасадор и силен столб во различни времиња за нашата франшиза, изјави Балмер.

Риверс исто така изрази голема благодарност до тимот, а медиумите во САД веќе започнаа со поврзување на тренерот со тимови во лигата кои останаа без предводник по завршувањето на регуларната сезона.

Освен Клиперс, работното место главен тренер во НБА останува празно и во Хјустон, Филаделфија, Оклахома Сити, Њу Орлеанс и Индијана. Бруклин Нетс и Чикаго Булс до неодамна спаѓаа во оваа категорија, но Стив Неш, односно Мајк Донован, ќе застанат на чело на овие франшизи следната година.