Новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига се одложува за 10 октомври – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 3:27 PM

Новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига се одложува за 10 октомври

Наместо планираниот датум за почетокот на сезоната, трети октомври, новата 2020/21 кампања во најквалитетното македонско клупско кошаркарско натпреварување ќе започне седум дена подоцна, односно на 10 октомври.

Ова е денешната одлука на КФМ и претставниците на клубовите од Првата македонска лига, а како причина за одложувањето на долгоочекуваниот старт се наведува појавата на Ковид-19 во некои од клубовите кои ќе учествуваат во лигата, пред сè скопски Работнички, чии играчи се наоѓаат во моментов во 14 дневен карантин.

Клубовите исто така беа согласни дека во случај на појава на максимум три кошаркари заразени од Ковид-19, тие ќе бидат сметани како повредени играчи од ростерот, но доколку се појават повеќе кошаркарки заразени од вирусот, лигата ќе мора повторно да биде прекината.

Да се потсетиме, поради пандемијата на коронавирусот Македонската Прва лига во сезона 2019/20 беше суспендирана и не беше прогласен шампион на натпреварувањето.