Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 1:52 PM

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг основ од Законот за извршување на санкции.

-Знам дека со  ваквата изјава нема да се промени ништо, тоа е завршена работа. Јанкулоска во  текот на вчерашниот ден  некаде околу 15 часот ја примила одлуката на  Врховниот суд,  која  што ни бранителите ја немаат се уште примено, и  само после десетина минути  се  појавиле полициски службеници коишто и кажале дека мора да тргне со нив  за да биде однесена на издржување на казната во затворот Идризово, изјави Алексиќ денеска пред Кривичниот суд.  

Додаде дека Јанкулоска во текот на  вчерашниот ден нема примено  упатен акт  со којшто  би била запознаена  со терминот кога треба да се  јави  добороволно и да се подготви за  одењето во  затворот во Идризово. 

-Ние немаме правно средство сега на  кој начин да  реагираме на  она што веќе е направено во текот на вчерашниот  ден.  Ќе можевме да реагираме  доколку и се врачеше  упатен акт  со можност за  мобла за одлагање по некои од другите основи  коишто се предвидени  во  Законот за извршување на санкции, рече Алексиќ. 

Јанкулоска, додаде Алексиќ, секако знаела дека ќе треба да се јави на  издржување на затворската казна  во  затворот Идризово, меѓутоа имала и можност да  побара одлагање на издржување на казната според Законот за  извршување на санкции.  

-Значи имаше еден упатен акт  добиено,  и истата со лична молба  се  обрати поради возраста  на  нејзиното дете да биде одложено  издржувањето на казната.  Освен тој упатен акт  којшто беше со конкретен датум друг упатен акт нема добиено. И во тоа јас како нејзин бранител ја гледам повредата на нејзиното право, рече адвокатката Алексиќ и додаде дека во овој  момент се непријатно изенадени заради прекршувањена нејзините права. 

Гордана Јанкулоска беше осудена на шест години, заедно со поранешниот премиер Никола Груевски кој доби две години за поттикнување на кривично дело, а заменикот министер Ѓоко Поповски доби шест години за злоупотреба на службена должност. Апелацискиот суд и ја намали казната на Јанкуловска на четири години.