Царовска не успеала да одржи состанок со директорите на Платформата – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 1:21 PM

Царовска не успеала да одржи состанок со директорите на Платформата

Падот на Платформата за учење ја оневозоможи министерката за образование и наука Мила Царовска да одржи онлајн средба со директорите на основните и средните училишта во Македонија. Практично, министерката и директорите го доживееја она што им се случи претпладнето на наставницте и учениците, кои денеска во 10 часот на Платформата за далечинско учење имаа пробен час. Тоа беше втор неуспешен обид за поврзување.

Еден од креаторите на платформата, професорот на ФИНКИ, Боро Јакимовски, во саботата во гостувањето во емисијата на Канал 77, „Стадион“, рече дека платформата е во тест верзија и очекувани се вакви падови.

-Предизвик е оптоварувањето на Платформата и на целата мрежа. Ново е, а и предизвик. Од друга страна да не го правевме овој систем, ќе беше хаос, бидејќи сите училишта поединечно ќе требаше се снаоѓаат и тоа ќе беше на товар на секое училиште, рече Јакимовски во „Стадион“.