Осуден убиец побегнал од затвор со хеликоптер, објави француското Министерство за правда. Осуденикот, Редоан Фаид, избега пред неколку минути, при што никој не беше повреден и нема заложници, изјави претставник на министерството, а пренесе агенцијата АП.
Четириесет и шестгодишниот Фаид извел спектакуларно бегство, така што бил собран со хеликоптер кој слетал во затворскиот двор. Тој отслужувал казна затвор од 25 години.
Најмалку три вооружени лица го извлекле затвореникот, инаку познат француски криминалец со алжирско потекло, од затворот Сен ет Марне во близина на Париз, утрово околу 11.20 часот по локално време, пишува „Ле Парисиен“.