За делото „Насилство во Центар“, екс премиер Никола Груевски е осуден на казна затвор од една години и шест месеци, додека Миле Јанакиески доби условна казна затвор за „Насилството во Центар“. Условно се осудени и останатите обвинети.
Пред малку беа изречени пресудите во Кривичниот суд. Судијата Душан Јосифов рече дека сите обвинетите се прогласени за виновни.
На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.
Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.
Во една од „бомбите“ се слуша како тогашниот премиер Груевски нарачува на тогашниот градонашалник на Центар од опозицијата Андреј Жерновски да му бидат удрени неколку шамари.