Дваесет и четири годишна девојка од Велес, вчера во Полициска станица Велес, пријавила дека на 20 септември во два наврати, била жртва на обљуба од исто момче.
Прв пат физичкото насилство и обљубата се случиле во хотел во Велес и втор пат во близина на река Бабуна, кај Велес.
Врз девојката насилствата и обљубите ги извршил пријател на момче на нејзина пријателка. Од Секторот за внатрешни работи Велес соопштија дека работат на расчистување на случајот.
У.Ј