САД: 20 милиони долари отштета за семејството на убиениот Афроамериканец Грин – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 10:11 AM

САД: 20 милиони долари отштета за семејството на убиениот Афроамериканец Грин

На семејството на Афроамериканецот Вилијам Грин, од американската сојузна држава Мериленд, кој беше убиен од полицијата, ќе му бидат исплатени 20 милиони долари отштета, пренесува Анадолија (АА).

На семејството на Афроамериканецот Грин, кој беше убиен со шест куршуми испукани од полициски службеник, општинската администрација ќе му исплати 20 милиони долари отштета.

Во инцидентот што се случи на 27 јануари, полицаецот Мајкл Овен, кој работеше во Полицискиот оддел „Принц Џорџ“, му ставил лисици на рацете на Грин, кој учествувал во голема несреќа, и го качил во полициското возило. Откако го качил во возилото испукал 7 куршуми кон Грин. Од нив, 6 го погодиле Грин и го усмртиле.

Адвокатот на полицаецот Овен, којшто беше суспендиран по поведената истрага против него и беше прогласен за виновен за убиство од втор степен, изјави дека неговиот клиент не е виновен и дека очекува да се појави пред судот.