Денес итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно Карабах – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 8:45 AM

Денес итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно Карабах

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за регионот Нагорно Карабах, во кој дојде до до сериозен судири меѓу ерменските и азербејџанските безбедносни сили, ќе се одржи денес на барање на повеќе европски земји, изјавија пренесуваат агенциите.

Според последниот биланс, во конфликтот загинаа најмалку 67 лица. Ерменија и Азербејџан се борат со децении околу Нагорно Карабах. Во судирите за контрола на Нагорно Карабах помеѓу 1988 и 1994 година загинаа 30.000 луѓе, а стотици илјади избегаа. Примирјето беше потпишано во 1994 година, но Баку и Ереван не се согласија за правниот статус на спорната област, која сè уште официјално е дел од Азербејџан. Оттогаш, во оваа област повремено избувнуваат конфликти. Областа се наоѓа помеѓу Иран, Русија и Турција.