Се судрија автобус и комбе на патот Радовиш – Штип – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 7:41 AM

Се судрија автобус и комбе на патот Радовиш – Штип

Во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Радовиш – Штип, кај м.в. 8-ми километар, откако изутрината пред седум часот се судриле автобус и комби. Повеќе амбулантни возила ги пренесоа патниците на укажување на лекарска помош и преглед. Засега, според првичните информации, нема тешко повредени. Патниците се превезени во штипската Клиничка болница на преглед и евентуално укажување на лекарска помош.
Од СВР Штип ја потврдуваат сообраќајната незгода. По завршување на увидот најавуваат повеќе информации.

Сообраќајот се пренасочува на автопатот Штип – Радовиш.