Денеска врнежливо, од утре почнува период на стабилно време – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/20 6:29 AM

Денеска врнежливо, од утре почнува период на стабилно време

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и со умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Mаксималната температура ќе достигне до 25 степени, прогнозира УХМР за денеска.

Од утре следува период на стабилно време со пониски утрински, а со постепен пораст на дневните температури.