Зошто им се препуштаме на навиките што не ни носат ништо добро? – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/20 11:07 PM

Зошто им се препуштаме на навиките што не ни носат ништо добро?

Најдобар начин за да се ослободите од искушенијата е да им се предадете – изјавил Оскар Вајлд и се чини, дека бил во право. Порано или подоцна им се препуштаме на навиките за кои знаеме дека не ни носат ништо добро. Независно дали се работи за откажување од алкохол, цигари или брзо возење…Кога ќе размислиме, делува како одредени облици на однесување се вткаени во нашата психа. Едно од објаснувањата е дека лошите навики го ублажуват немирот со кој не умееме да излеземе на крај по друг пат.

Чувствата може да се движат од анксиозност до тага и срам, а најголемиот проблем е што генерално не знаеме да се носиме со нив. Тогаш на сцена настапува самодеструкцијата како решение во дадениот момент.

Прекинување на навиките или враќање на старо?

Самодеструкцијата не мора автоматски да значи и одење кон некоја екстремна граница. Всушност, во тие моменти се потпираме на нешто познато, односно на нешто на кое сме навикнати. Жесток пијалок по оброкот, цигара после вечерата или сладолед како десерт се само некои од малите радости во кои наоѓаме задоволство и утеха иако знаеме дека не се најдобар избор за нас. Од друга страна, понекогаш ни значи барем накратко да почувствуваме олеснување.

Психологот, Пегили Вуперман порачува дека дури и кога сме свесни дека не сме задоволни со животот, еден пијалок или едно парче торта може да го поправи денот. Слично е и со сексот без обврски, кој сепак не го решава незадоволството на долг рок. Меѓутоа, иако потоа се чувствуваме уште полошо, сме си овозможиле краткотрајно уживање. Со други зборови, сме почнале да „пловиме“ знаејќи ја цената што мора да ја платиме.

Кон какви чувствува се стремиме?

Пополнувањето на празнините по кое трагаме се разликува од личност до личност. Честопати не размислуваме во насока на постигнување задоволство, туку оттргнување на вниманието од нешто што не’ мачи. Неретко адреналинот станува начин да излеземе од состојбата на апатија или депресија и да се поврземе со светот.

Облиците на самодеструктивното однесување не може да се мерат по штетност, бидејќи некои оставаат појаки последици, но всушност секој од нив има слична позадина. Кога ќе ја погледнеме пошироката слика, проблемот настанува тогаш кога по некој краток излет на пример, чувствуваме каење, а тоа е поопасно од лошите навики. Затоа, најдобро е кога ќе почувствуаме дека ни е тешко, да ја прифатиме таа состојба и да си дадеме време себеси да ги воочиме причините.

 

Извор:  stil.kurir.rs