Џиновска тиква од 713 килограми победи на натпревар во Словенија – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/20 8:13 PM

Џиновска тиква од 713 килограми победи на натпревар во Словенија

Словенечкиот град Мозирје во текот на викендот одбележа еден необичен јубилеј – десетгодишнина од изборот за најтешка тиква. Меѓу десетината џиновски тикви потешки од 700 килограми, победи тиква тешка дури 713 килограми.

Со тоа беше срушени претходниот рекорд од натпреварувањето, постигнат во 2016 година кога најтешката тиква тежела 697 килограми.

Оваа година е забележан уште еден рекорд – во тежина на лубеници. Најтешката лубеница била речиси 70 килограми.

 

Извор:   rs.n1info.com