Полицајка со разголена фотографија во униформа – МВР поведе дисциплинска – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/20 6:49 PM

Полицајка со разголена фотографија во униформа – МВР поведе дисциплинска

Министерството за внатрешни работи спроведе дисциплинска постапка против вработена во МВР која на социјалните мрежи споделила „невкусна“ фотографија каде позира во раскопчана полициска кошула, а во преден план се нејзините гради.

Иако на сликата се заматени, сепак се гледаат симболите на полицијата.

Како што пишува „А1 ОН“ службеничката моментално била вработена во Одделот за гранични работи и миграции, а во министерството работела од 2009 година.

Од МВР потврдиле дека случајот е пријавен, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случајот.