Јанкулоска спроведена во Идризово, ВМРО-ДПМНЕ реагира – Јанкулоска е жртва на политичка пресметка – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/20 5:45 PM

Јанкулоска спроведена во Идризово, ВМРО-ДПМНЕ реагира – Јанкулоска е жртва на политичка пресметка

Откако попладнево поранешната министерка за внатрешни работи беше спроведена во Идризово за отслужување на својата четиригодишна казна, од нејзината матична партија реагираат дека таа е жртва на политички прогон од, како што велат, мафијата на Заев.

– Јанкуловска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата. Додека власта се осветува кон мајка, сопруга и професионалец кој со години и служел на државата сеуште нема ниту збор за тоа каде завршувале парите од рекетот на Зоран Заев, имаме амнестија на очигледен поткуп на Заев, евро за Вицето евро за црквата, имаме целосен молк за поткупот на екс директорот на ФЗО Ден Дончев, обвинителството молчи за панамските пари и зделките со Заев за 2000 стана во Тетово, се молчи за измамата на штедачи на Еуростандард банка и редица други скандали кои се случуваат на дневно ниво, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанкулоска за случајот „Тенк“  за набавка на луксузниот мерцедес, беше првично осудена на шест години, но потоа Апелација и ја намали казната на четири години и осум месеци. За овој случај покрај неа, осуден на све години е и поранешниот премиер Никола Груевски кој непосредно по пресудата избега во Унгарија.

На најголема казна е осуден поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, кој треба да одлежи шест и пол години затвор.