Пред локалното население започна да се презентира Студијата за валоризација на природните вредности на Шар Планина – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/20 2:54 PM

Пред локалното население започна да се презентира Студијата за валоризација на природните вредности на Шар Планина

Пред локалното население започна да се презентира Студијата за валоризација на природните вредности на Шар Планина преку форумските сесии кои денеска започнаа од Тетово.

Целта е да се презентира студијата, но и да се одговара на прашањата што ги засегаат засегнатите страни од прогласувањето на Шара за национален парк, како што се ловџиите, планинарите и слично. По завршувањето на форумските сесии, се очекува законот за прогласување на Шара за национален парк да влезе во собраниска процедура во месец декември оваа година. 

Со прогласувањето на Шара за национален парк, се очекува да се воведе поголема контрола на Шарпланинскиот масив.

Со прогласувањето на Шара за национален парк на македонската заедно со паркот на Шар Планина на Косовската страна се очекува овој планински масив да биде еден од најголемите во Југоисточна Европа кој ќе биде под заштита.

Зоран Маџоски