Пред неколку години Данкан Робинсон се распрашувал за работа во медиум, преку Марк Тит, еден од вработените во медиумската куќа „The Ringer“. Сега, Данкан Робинсон, еден од најдобрите шутери за три поени во светот, ќе игра НБА финале и ќе се бори за шампионски прстен против Лос Анџелес Лејкерс.
Кога Робинсон е избран на НБА драфтот во 2018 година, никој не бил претерано изненаден. Во тој период Робинсон бил еден од најдокажаните шутери на „Мичиген“, но неговите 237 тројки со процент од 42 отсто (што го чинат еден од најдобрите стрелци во историјата на универзитетот) не биле доволни за НБА ниво. Аналитичарите и скаутите сметале дека не бил доволно добар за „професионалци“, a сега од оваа перспектива се наметнува прашањето: како шутер од овој калибар со 203 сантиметри останал недрафтуван од ниту еден од триесетте тимови, дури ни во втората рунда?
Истото прашање себеси си го поставил и младиот Робинсон и откако сфатил дека од НБА кариерата нема ништо, одлучил среќата да си ја побара на друго место и да заработи онолку колку за живот и егзистенција.
Тој на Марк Тит, тогашен вработен во медиумот „The Ringer“ му ја испратил следнава порака, во која првенствено му се претставува, говори пофално за Тит и медиумот и бара начин да влезе во тој свет.
Замислете сега од оваа дистанца, Данкан Робинсон би можел да пишува извештај од финалистите во НБА сезонава или да снима „подкаст“ во кој ќе се слушаат неговите впечатоци и критики за оние долу на паркетот.
Првиот човек кој не дозволил тоа да се случи е всушност самиот Робинсон. Тој длабоко во себе никогаш не се откажал од играњето кошарка и сонот да се настапи во најквалитетното светско кошаркарско клупско натпреварување. Вториот човек најзаслужен во оваа приказна е Чет Камерер. Еден од најдобрите скаути кога е НБА во прашање, а директно има работено со Пет Рајли и Ерик Сполстра, присуствувал на еден од најдобрите индивидуали тренинзи некогаш обработени.
Имате право од еднаш да погодите кого Камерер гледал додека овој имал шутерски тренинг?
Познат како припадник на старата гарда заробен во „окорел“ извидувач, Камерер останал без текст гледајќи го Робинсон, а она што го направил и ден денес се прераскажува низ НБА кулоарите. После рафалната стрелба на кошаркарот на Мајами, веднаш му се јавил на генералниот менаџер на франшизата од Флорида и му рекол: „Доведете ми го Данкан Робинсон, не ме интересира ништо друго“.
-Дали си ти сигурен, Чет? Имаш веќе 50 години, поминуваш голем дел во сали гледајќи разноразни шутери и никогаш од тебе немам примено ваков повик. Само одговори дека не знае колку е талентиран и дали ќе продолжи да се развива во тој правец, но дека единственоста во добрата етика и сјајната висина за шутер мора да се искористи, раскжа Сполстра.
Да биде приказната уште поневеројатна и да остави поголем впечаток, ќе ви кажам дека ова беше првиот тренинг на Данкан Робинсон пред некој НБА тим, а тоа што го манифестирал на тренингот било причина да потпише инстантно за Мајами Хит и да настапува за нивниот развоен тим.
Во текот на еден фантастичен натпревар каде што Робинсон без посериозни пречки го „делкал“ противникот, скаутите на Мајами забележале уште нешто. Имено, Робинсон не сакал да се фрли по топка која можеби и можел да ја стигне. Скаутите по мечот ја пофалиле неговата офанзивна изведба, но го информирале дека деталот во дефанзивната игра не останал незабележан.
Неговото прво загревање кога се приклучил во Мајами во НБА караванот било од таков карактер што помошниот тренер на Мајами фрлал топки во аут, а Робинсон се обидувал како фудбалски голман да ги „спаси“, да се крене на нозе и да упати шут за три поени.
Дијамантот за кој вредеше брусењето, Данкан Робинсон.
Извор:
meridianbetsport.ba