Андријана Илиоска ја освои титулата мис бикини на избор во Турција – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/20 12:17 PM

Андријана Илиоска ја освои титулата мис бикини на избор во Турција

Викендов во Кемер, Турција се одржа изборот за Мис Аура Интернешнел, на кој учествуваат 40 девојки од целиот свет. Македонија ја претставуваше убавицата Андријана Илиоска, која ја освои титулата  мис бикини. Победничка е претставничката на Португалија, прва придружничка е убавицата од Латвија, а втора претставничката на Татарстан.

Лиценцата за Македонија за овој избор ја поседува Модното студио „Црнокрак“.