Во среда ќе се одржи манифестацијата „Избор на 10 најуспешни жени менаџери од Македонија“, во оранизација на агенција „Марили“. Оваа манифестација се одржува традиционално веќе 24 години и тоа во март, но годинава поради пандемијата се одложи за сега.
Најуспешните жени менаџери за 2019 се избрани според веќе воспоставени критериуми, доаѓаат од успешни компани од различни области и дејности од целата држава. Тие најчесто биле препорачани, но, сепак, се почитуваше и нивната лична согласност да бидат дел од овој избор.
Годинава избраните менаџерки за 2019 година се Мерита Рамадани Алими, Маја Бабиќ, Татјана Дејаноска, Д-р Даниела Димитрова, Наталија Дренковска, Олга Јосевска, Даниела Китанова, Магдица Костадинова, Марија Кукуновска и Жанета Џафер.
Во рамки на настанот агенција „Марили“ ќе додели и едно специјално признание, на д-р Милена Стевановиќ, директор на Универзитеската клиника за инфктивни болести и фебрилни состојби, за успешно менаџирање во услови на вонредна состојба наметната од пандемијата со Ковид-19, со што се оддава почит на сите здравствени работници кои се на првата борбена линија во оваа здравствена криза.
Исто така, заради континуираната поддршка на женското менаџерство и на проектите на агенција „Марили“ од 2018 до 2020 година ќе и се додели благодарница на Мила Царовска, министер за образование и наука.
Настанот ќе биде збогатен со настап на првата харфистка во нашата држава, Мерсиха Шукри.
Настанот е со почеток во 19.30 часот во хотелот „Александар Палас“ а е посветен и на пет годишниот јубилеј на „Марили бизнис клуб“.