Во знак на солидарност со своите колеги кои што утрово добиле отказ вработените од АД Баргала Штип, денес неколку часа ја прекинаа работата.
Претседателот на гранковиот синдикат за текстилство и кожарство, Љупчо Радовски, потврди дека три работнички добиле отказ, не знае по кој основ,вели тоа е одлука на менџментот, и она што сега е во нивна надлежност е да им овозможат правна поука на отпуштените работнички, кои одлучиле да не го примат отказното решение.
„Отказното решение сепак ќе го добијат преку пошта и во рок од осум дена тие ќе можат да се жалат до Управниот одбор на фирмата. Доколку по упатената жалба до Управниот одбор, одговорот е негативен, ќе се преземат следните чекори за што синдикатот обебзедува бесплатна правна помош“, изјави Радевски.
Неофицијално како причини наведени во отказните се споменува –нарушување на редот и дисциплината во фирмата и неоправдано последователно отуство од работа.
На средбата во петокот што менаџментот на АД Баргала го имаше со синдикалните претставници и од НВО „Гласен Текстилец“, на која што беше постигнат договор за состојбата во која се наоѓа компанијата и реакциите на работниците за задоцнетите плати и неисплатата на разликите на плата, беше договорено и да не се преземат никакви мерки за работниците кои одржаа протест на влезот на Компанијата, како и во иднина да се почитуваат одредбите од законот за работни односи и Колективниот договор.