Свлечишта на Борнео однесоа најмалку десет животи – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/20 10:43 AM

Свлечишта на Борнео однесоа најмалку десет животи

На индонезискиот остров Борнео, во подрачјето на провинцијата Северен Калимантан, настанаа свлечишта во кои животот го загубија најмалку десет луѓе. Според веста на индонезиската агенција „Антара“, во градот Таракан во споменатата провинција поројните врнежи од дожд предизвикале свлечишта на три различни локации.

Претставниците на власта информираа дека во местата Матахари, Хуата Пермаи и Гурунг Селатан, што се наоѓаат на подрачјето на градот, настанале свлечишта во кои животот го загубиле десет луѓе.

На местата на кои настанаа свлечиштата продолжуваат спасувачките операции за спречување нови човечки жртви.