„Фиќото“ не се предава: Прва „Фиќијада“ кај Ужице – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/20 9:35 AM

„Фиќото“ не се предава: Прва „Фиќијада“ кај Ужице

Последната „застава 750“ (или популарното „фиќо“ во СФРЈ) во фабриката „Црвена застава“ е произведена во 1985 година, но „фиќото“ и денес може да се види по улиците „од Вардар до Триглав“, а во негова чест почнаа да се одржуваат и манифестации.

Деновиве во Злакуси, кај Ужице, се одржа првата „Фиќијада“.

„Во прашање е првиот ваков собир што планираме да стане традиционален и да ја збогати туристичката понуда на овој крај. Проектот го поддржаа Општина Ужице и амбасадата на САД во Белград“, за РТС изјави Срѓа Дрндаревиќ од организацискиот одбор.

На собирот дојдоа и сопствеици на „фиќовци“ од повеќе екс-ју републики.

„Дојдов од Сараево. Со фиќото можета каде и да посакате, сигурен е, па и удобен автомобил“, изјави Админ Хреља.