„Ена Респиратори“, австралиска биотехнолошка компанија, објави дека спрејот за нос што го развиваат заради подобрување на човековиот имунолошки систем во борбата против настинката и грипот значително го намалил растот на коронавирусот, пренесесуваат агенциите.
Во истражување на Агенцијата за јавно здравје на Англија се покажало дека производот наречен Inna-051, кој може да се користи како додаток на вакцините, го намалува нивото на вирусот кој предизвикува Ковид 19 и до 96 проценти, а било извршено тестирање врз животни.
Компанијата соопшти дека ќе биде подготвена да го тестира Inna-51 на луѓе за помалку од четири месеци, откако ќе добие регулаторно одобрување.
Инвестирани се 8,24 милиони долари за развој на спрејот.