Десетте прилепски дрвократци кои деновиве претепаа петмина припадници од шумската полиција од Чашка на патот Извор- Прилеп кај селото Степанци од синоќа се во скопскиот затвор Шутка.
Судија на претходна постапка од општинскиот суд во Прилеп им определи мерка притвор во траење од 30 дена. Адвокатот Стеваноски кои ги брани обвинетите вели дека доказната постапка е во тек.
Според информации од надлежните истражни органи по синоќешната претстражана постапка полицијата веќе трага уште по шест од 25 дрвокрадци кои учествувале во нападот на шумските полицајци. И тие деновиве ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Пред три дена на патот Извор – Прилеп преку превојот дервен кај селото Степанци шумската полиција пресретна дрвокрадци.
При нивната интервенција дошло до тепачка во која со разни предмети дрвокрадците ги претепаа полицајците.