Заврши четвртото издание на театарскиот фестивал „Отело” – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/20 12:25 PM

Заврши четвртото издание на театарскиот фестивал „Отело”

Со врачувањето на наградите од стручното жири, синоќа беше затворено годишното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело”.

            На пригодната церемонија беа прогласени најдобрите во четирите категории. За најдобар актер беше прогласен Вин Бејлери кој играше во претстава „Не слушам, не гледам, не зборувам” (Тирана, Албанија). Василена Винченцо, ја доби наградата за улогата во претставата „Кокошка”. Наградата за најдобар режисер ја доби Гент Чајани кој ја режираше претставата „Зоолошка приказна” (копродукција на Тетовски театар и Универзитет Тетово). За најдобра претстава, жирито ја прогласи „Кокошка” што ја изведе театарот „Сфумато” од Софија, Р. Бугарија за „Кокошка” која е работена по текст на Антон П. Чехов и во режија на Ана Батева.

            Организаторот, Здружението за култура „Отело” годинава заради околностите со пандемијата реши претставите да се играа на летна сцена и со гледалиште под отворено небо во непосредна близина на гостиварската патарина на паркингот пред хотелот „Игнација”. Заради обезбедување на услови за одигрување на претставите според протоколите, годинава беа селектирани претстави во кои ги играат помалубројни екипи.

            Љубителите на театарската игра од  22 септември  до 26 септември покрај победничката „Кокошка” ги видоа и претставите: „Зоолошка приказна” копродукција на Тетовскиот театар и Тетовскиот универзитет во режија на Гент Чајана, „Не ми го чепкај пивото” на театарот „Златен Елец”, „Мистерија” на градскиот театар од Прешево, Србија и „Не слушам, Не гледам, Не зборувам” во режија на Доналд Хасани и Валдрин Асани и продукција на ДВШ Тирана, Албанија.

з. г. м.