Во вторник на Судски совет, ќе се утврдува предлогот за нов уставен судија – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/20 9:50 AM

Во вторник на Судски совет, ќе се утврдува предлогот за нов уставен судија

Судскиот совет во вторник , Судскиот совет треба да утврди предлог за нов уставен судија, на местото на судијата Владимир Стојановски, на кого му истече мандатот.

На веб-страната на Судскиот совет, оваа точка е ставена како втора точка на дневен ред. Предлогот на Судскиот совет за нов судија треба да помине и на седница на Собранието.

Предлозите за нов уставен судија ќе бидат познати на денот на седницата, но според досегашната пракса, кандидатот се утврдува со консензус  на координација. Без заедничка одлука, оваа точка воопшто не се става на дневен ред.

БИРН објави дека едно од имињата , како најсериозен кандидат, се споменува судијката Добрила Кацарска.

Таа има долг судски стаж од 30 години, беше претседател на кривичниот суд во Скопје и е моментално суди во одделот за организиран криминал и корупција.

призма.мк