Во Ресен викендов се одржува традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2020″. Официјално манифестацијата ќе ја отвори министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Со манифестацијата, како што појаснува организаторот, општината Ресен, се означува почетокот на бербата на јаболката во Преспа со свечено откинување на првото јаболко на овошниот насад на Свислион Агроплод.