Гледајќи вести и слушајќи ги секојдневните разговори за она што се случува во нашата околина, понекогаш се чини дека не можеме ништо да промениме и дека полесно е да им се препуштиме на црните мисли. Сепак, секогаш постои поразлична перспектива. Како да пронајдете мир во себе во овие предизвикувачки времиња, советува Мирјана Петковиќ – животен тренер.
Ефект на пеперутки
Сите ние посегаме по мирот и сакаме да придонесеме за мир на светско ниво, но понекогаш можеме да почувствуваме дека не сме достојни за тоа, односно дека самите не можме ништо да направиме. Меѓутоа, секогаш постои поинаква перспектива, а тоа е создавање на внатрешен мир. Така ќе „испратиме“ мир и околу нас. Велат дека движењето на крилјата на пеперутките на едниот крај од светот може да предизвика ураган на другиот. Замислете тогаш, кога секој би имал внатрешен мир колку би било тоа значајно и би било од помош во намерата со секој ден да бидеме поблиску до мирот по кој копнееме.
Клучот е во трпеливоста
Кога постојано сме под стрес и ги забележуваме само лошите работи, тогаш се вртиме во затворен круг и фокусот го ставаме на проблемите, а не на решенијата. Токму тогаш, се’ станува претешко и невозможно. Она што ќе ни помогне да се снајдеме во секоја ситуација е да пронајдеме баланс. На тој начин ќе добиеме можност за избор, за среќа, за задоволство и исполнетост. Ништо не се случува преку ноќ и не можеме да ги забрзаме работите ниту процесите. Клучот е во трпеливоста и вербата дека навистина постои момент кога тоа е најдобро за нас, а овие чекори кон внатрешниот мир нека станат вашите нови животни навики.
1. Фокус и смиреност
Мирот е наша природна состојба. Кога сме загрижени, незадоволни и фрустрирани, почнуваат состојби во кои не сме мирни и тогаш нашиот фокус е токму на тоа, наместо да се вратиме на нашата внатрешна состојба каде што всушност, се и почнува. Обидете се да пронајдете мирно себе внатре во себе. Можете да почнете со броење или вдишување и издишување, или медитација. Се работи за тоа да ги освестите своите внатрешни сигнали за да може да ги препознаете на време и да реагирате.
2. Секој има право на мир
Кога сте мирни нема потреба да им судите на другите, да размислувате кој е во право, а кој е виновен. За да останете мирни обидете се да не соработувате во оние расправи што ве прават немирни. Тука пред се се мисли на разговорите поврзани со тоа колку е животот тежок и дека светот во кој живееме е страшен.
3. Намера за мир
Секогаш кога ќе се најдете во ситуација во која треба да донесете мирно решение, одлучете внатре во себе дека решението треба да биде мир за секој во дадената ситуација. Седнете во тишина праќајќи мир и љубов до сите околу вас и дозволете одговорот сам да дојде.
4. Емпатија
Покажете сочувство за луѓето околу себе. Секогаш можете да пронајдете начин да се осветите, но и да го споделите мирот кој сте го пронашле внатре во себе. Покажете добра волја, емпатија и љубезност кон сите, а особено кон оние за кои сметате дека не го заслужуваат тоа, или пак дека немаат потреба од емпатија, а всушност ним им е најпотребна. Вашата цел може да биде давање или примање мир, кој би им користел на сите околу вас.
5. Душевен мир
Во секој од нас постои бесконечен мир. Секој ден одвојте барем еден момент во кој ќе размислувате за својата вистинска природа, која е манифестирана преку почитта кон животот и безусловната љубов. Дозволете си го тоа и ќе откриете сето она магично што се наоѓа внатре во вас.
Извор: sensa.hr