Во Косово приведен братучедот на Рамуш Харадинај – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/20 9:04 PM

Во Косово приведен братучедот на Рамуш Харадинај

Уапсен е братучедот на екс премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.

Специјалните единици на ЕУЛЕКС го уапсија и потпретседателот на Здружението на воени ветерани на ОВК, Насим Харадинај.

Десетици припадници на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК) ја блокираа попладнево десетина минути улицата „УЧК“, каде што се наоѓа седиштето на Организацијата, во знак на протест поради апсењето на претседателот на организацијата, Хисни Гуцати, јави дописникот на МИА од Приштина.

https://www.facebook.com/631247780273114/videos/2388205354819224/?__so__=channel_tab&__rv__=latest_videos_card

Тие фрлаа шишиња и други предмети кон припадниците на ЕУЛЕКС кои учествуваа во денешната неколкучасовна акција во седиштето на ОВВ-ОВК, изведена на барање на Меѓународниот суд за Косово, кој ги истражува претпоставените воени злосторства во и непосредно по косовско-српската војна од 1998-99 година.

Извор: faktor.mk