Исплатен плата на вработените во фабриката „Баргала“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/20 8:36 PM

Исплатен плата на вработените во фабриката „Баргала“

Платата денеска им е исплатена на вработените во фабриката за чевли „Баргала” од Штип, информира директорот на компанијата Наум Барзов за МИА.

Исплатата оди согласно спогодбата, која е направена заедно со Гранковиот синдикат и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димевски и претседателката на „Гласен Текстилец”, Кристина Ампева.

Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение го потсети раководството на Баргала дека денеска е последен ден за исплата на платата и застанатиот дел од платата утвредено со Спогодбата потпишана на 1 септември 2020 година.

– Доколку раководството не ги преземе сите напори за исплата согласно договореното во Спогодбата, ќе бидеме приморани да ги преземеме сите законски мерки со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот однос, истакнаа од ССМ.

Во однос на продажбата и работењето во корона услови, директорот на „Баргала” вели дека и покрај низата проблеми, во моментот имаат договори со странски партнери и производството се извезува во Холандија и Германија. Посочува дека освен текстилната индустрија, и кожарската индустрија е во лоша состојба. Во продавниците на „Баргала” низ земјава продажбата на обувки е падната за 75 проценти во споредба со првите три месеци пред да почне коронакризата во земјава.-