Во финалната серија на Западот, Лејкерс синоќа го победи ривалот од Денвер со 114:108 и се најде пред портите на големото финале по цели десет години.
Леброн Џејмс и Ентони Дејвис повторно го предводеа тимот до голема победа над изненадувањето на сезоната. Центарот и еден од најдобрите пет играчи за изминатата сезона, забележа 34 поени, три асистенции и уште току украдени топки. На крилјата на Дејвис, Леброн оствари 26 поени, девет скокови и дури осум украдени топки, но одбраната која ѕвездата ја играше во одредени сегменти од натпреварот, претставуваше вистинска уметност.
Изненадувањето на Френк Вогел, оспоруван од страна на спортската и кошаркарска јавност пред почетокот на сезоната, се покажа како полн погодок. Двајт Хауард во оваа серија воопшто не доби минути на паркетот, до вчерашниот четврти дуел на овие две франшизи. Освен квалитетната одбрана и амортизирањето на Никола Јокиќ, Хауард постигна 12 поени и 11 скокови.
Клупата на „езерџиите“ генерално беше расположена, Калдвел-Поуп стрелаше 13 поени, додека пак Рондо со 11 поени, седум асистении и пет скокови, имаше сериозен удел во тешко издвојуваната победа над момците на Мајк Малоун.
Кај поразените, Џамал Мареј со 32 поени уште еднаш скорерски најрасположен, Џереми Грант го следеше со 17 поени, а Никола Јокиќ искомбинира 16 поени, седум скокови, четири асистенцции и две украдени топки.
Ова е третпат Нагетси да бркаат заостанување од 3:1 во плејоф серија на Западот. Дали уште еднаш ќе соберат сили и ќе направат подвиг, ќе дознаеме веќе утре после полноќ.
Во другата финална серија на Истокот, Мајами има идентично водство над Бостон со 3:1.