Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека нема да има ново одложување на пописот, а најдоцниот термин за негово спроведување е април 2021 година.
Тој додаде дека оваа статистичка операција е веќе предвидена во буџетот, а од таа причина и тече набавка на нови лаптопи преку Заводот за статистика.
„ Заводот за статистика своите стари компјутери ги подари на образованието. Тие беа употребливи, со целосна функционалност, поради тоа се прави набавка на нови уреди, кои треба да бидат составен дел од спроведувањето на пописот и целокупната дигитализација на податоците“, вели премиерот Заев.
Инаку како што пишува Слободен печат, Државниот завод за статистика склучи договор со Македонски Телеком АД Скопје за набавка на информатичка опрема, чија проценета вредност е 190 милиони денари, односно околу 3 милиони евра.