Советот на општина Гостивар не гласаше за УО на ЈП Русино-Полог, на почетокот со работa ќе се чека најмалку уште еден месец – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/20 11:59 AM

Советот на општина Гостивар не гласаше за УО на ЈП Русино-Полог, на почетокот со работa ќе се чека најмалку уште еден месец

Новоформираното ЈП Русино-Полог нема да проработи најмалку уште еден месец со што организираното управување со отпад во полошкиот регион и натаму е неизвесно. Гостиварскиот совет беше последниот од деветте општини кои треба да предложи членови во управниот одбор на новото претпријатие, а на денешната седница не ја потврди одлуката.

Предлог-одлуката за предложување на членови на Управниот одбор на заедничкото јавно претпријатие Русино-Полог, претходно не помина на соодветната комисија со образложение дека треба да се тргне од дневен ред. Ваквото решение дојде по барање од граѓанската иницијатива „Стоп Русино-чист воздух за Гостивар.

Предлогот беше ставен на гласање и на денешната седница, а членовите на советот се едногласно ја тргнаа од дневен ред.

Со ова и официјално изборот на членови на УО на ЈП Русино-Полог е одложен. Како образложение од Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања беше кажано дека вчера во ресорното министерство имало состанок на кои било зборувано за санирање и дислокација кои се во надлежност на Министерство за екологија.  Во врска со последниот состанок, кусо информираше и претставник на иницијативата, која кажа дека на средбата било договорено, пред реализацијата на планот за санација и управувањето со отпадот да се додаде и рок од 5 години за дислокација на Русино.

Од полошкиот плански регион информираа дека се запознати со последната одлука на советот и напоменаа дека тоа ќе го успори формалниот старт со работа на новото претпријатие.

–Со неизгласувањето на одлуката, постапката нема да биде стопирана, бидејќи има други легални механизми кои најверојатно ќе бидат употребени. Но, сепак за тоа ќе треба повторно да се гласа во општинските совети и најрано што може да биде е еден месец, рекоа од полошкиот плански регион.

Од пред година ипол заради проблемите со депонијата и преку странски фондации беше најдено решение да се формира заедничко претпријатие на девет општини. Депонирањето и собирањето на комуналниот смет влезе во проект што го финансира швајцарската агенција за развој. Од полошкиот плански регион потврдија дека се доцни со постапката на формирањето на претпријието кое ќе управува со отпадот.

Со новото претпријатие треба да се набават контејнери за сите девет општини, да се подобрат условите во депонијата Русино, спречување на загадувањето на почвата и подземните води. Да се направат системи за рециклирање и селекција на отпад, камиони. Овие активности треба да ги спроведува заедничкото претпријатие кое сè уште не почнало со работа затоа што нема раководни органи.