Авион МИГ-21 на српската војска утрово околу девет часот се сруши во атарот на селото Брасница кај Лозница.При падот загина еден пилот, а по другиот се уште се трага бидејќи се работи за тешко пристапен терен.
Авионот, како што соопшти српското Министерство за одбрана, се срушил при извршувањето на редовни задачи.
Како што пренесуваат српските медиуми, на лице место се наоѓа Противпожарна служба , Брза помош, војска и полиција, а местото го надлетуваат воени хелихоптери.
Според изјавите на очевидци, авионот во одреден период летал многу ниско, долго време се превртувал во воздухот по што паднал.