Ем може да смири, ем да депремира: Какво е влијанието од сексот? – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/20 10:43 PM

Ем може да смири, ем да депремира: Какво е влијанието од сексот?

Луѓето после секс се чувствуваат добро – затоа го сакаат, посакуваат и трошат време трагајќи по партнер за ваквата активност. Ако знаете на кои се’ начини сексот влијае на мозокот, можеби тоа ќе ви даде поголем поттик за да се дружите со партнерот. Задоволството што го пружи сексот  е поврзано со лачењето допамин, невротрансмитер кој е одговорен за добро расположение.

Сексот може да делува и како антидепресив, но и да ве депримира

Истражување спроведено во Албанија во 2002 година покажало дека луѓето што имале односи без презерватив имаат помалку симптоми на депресија од оние го користеле овој начин на заштита. Научниците поставиле хипотеза дека естрогенот и простагландинот имаат антидепресивно дејство. Тоа е добра вест за сите што се во долга, сериозна врска, но оние кои не се сепак не би требало да се откажат од презервативите.

Околу една третина од жените што учествувале во истражувањето изјавиле дека повремено чувствуваат тага после секс. Иако е можно тоа да се случи доколку жалат што се впуштиле во тој однос, научниците не успеале целосно да ја објаснат оваа поврзаност.

Сексот ја ублажува болката

Не избегнувајте секс доколку имате главоболка. Истражувањата покажале дека сексот може да ги намали болките. Научниците сметаат дека тоа е поради дејството на окситоцинот – хормон што делува како аналгетик.

Сексот смирува

Честите сексуални односи го намалуваат стресот. Луѓето кои штотуку имале секс подобро може да одговорат на стресни ситуации, како што на пример за многумина, е јавниот говор. Сексот помага на тој начин што го намалува крвниот притисок.

Од сексот сте попоспани

Сексот попрво ќе го успие мажот отколку жената, а научниците сметаат и дека знаат поради што е тоа така. Делот од мозокот познат како преден фронтален кортекс се смирува по ејакулација. Тоа, покрај ослободувањето окситоцин и серотонин може да биде одговорно за вретње на другата страна и хрчење , нешто што им се случува на мажите по сексот.

 

Извор:      stil.kurir.rs