(Видео) Полицајци претепани од дрвокрадци, двајца се на итна операција во болницата во Велес – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/20 10:06 PM

(Видео) Полицајци претепани од дрвокрадци, двајца се на итна операција во болницата во Велес

Вечерва на социјалните мрежи се појави видео и коментар дека 50тина дрвокрадци претепале четворица полициски службеници во атарот на селото Чашка, Велес.  Информациите се дека двајца од полицајците се борат за живот.

ММС ја контактираше болницата во Велес од каде ни потврдија дека се донесени повредени полицајци. Оттаму ни рекоа и дека подетални информации за овој случај можат да дадат само хирурзите, но дека тие воопшто не можат сега да се добијат бидејки сите биле зафатени, односно биле во сала.

Порталот batali.net објави дека  еден од полицајците има отворена на главата, од челото кон тилот, додека другиот затворена повреда на стомакот.

Од СВР Велес засега не излегуваат со информации за инцидентот, пишува порталот.